Норвешка ја прегази Словенија во ЕХФ ЕВРО купот

Актуелниот европски шампион Норвешка ја прегази Словенија со 29-17 во премиерниот натпревар од новото издание на ЕХФ ЕВРО купот во кој покрај овие две селекции дел се и Македонија и Црна Гора.

Норвежанките уште од самиот ја покажаа разликата во квалитет и веќе на полувреме имаа комотни плус пет гола 14-9.

Словенките и во вториот дел без својата најдобра ракометарка која не беше дел од овој меч, Ана Грос не успеаја да пружат никаков отпор и на крајот загубија со 29-17.

Рајстад и Сјонгард со по четири гола беа најефикасни кај победникот, додека кај Словенија Тјаша Станко заврши со шест.

 

Се вчитува...