Норвешка ќе ја предизвика Франција во финалето на Европското првенство

Норвешка ќе ја предизвика Франција во финалето на женското ракометно Европско првенство, откако во полуфиналето во скандинавското дерби славеше над домаќинот Данска со 27-24. Данките одлично го отворија натпреварот и на полувреме имаа предност од три гола разлика 10-13.

Сепак, во вториот дел Норвежанките одиграа далеку подобро, беа посконцентрирани во завршницата и успеаја да стигнат до триумф од 27-24. Нора Мерк со шест гола беше прво име кај победникот, додека во таборот на Данска, Бидструп постигна седум гола.

Финалето е закажано за во недела во 18 часот, додека во мечот за третото место претходно ќе се сретнат Данска и Хрватска.

Се вчитува...