Норвешка најдобра на тимскиот паралелвелеслалом во Лензерхајде

Репрезентацијата на Норвешка е победник на тимскиот паралелвелеслалом кој се скијаше во швајцарскиот Лензерхајде. Норвешкиот тим во состав Кристина Јохансен-Рис, Кристијан Нестволд-Хаген, Кристин Лисдал и Себастијан Фос-Солеваг во финалето славеше против Германците (Филсер, Страсер, Дир и Шмид).

Третото место и припадна на репрезентацијата на Австрија (Гриш, Гстрејн, Хубер и Пертл) кои во малото финале беа подобри од Швеѓаните (Бостром, Јакобсен, Хектор и Ронгрен).

Утре на програмата се велеслаломските трки, а со слалом настаните во недела ќе се комплетира годинашната сезона во Светскиот куп во алпско скијање.

Се вчитува...