Норвешка остана без важен играч на една седмица пред СП

Норвешка остана без значаен адут за претстојниот ракометен Мундијал откако Кент Тобин Тонесен заработи незгодна повреда поради која нема да може да им помогне на соиграчите на СП 2019. Десниот бек на Веспрем ја повреди шутерската рака за време на вчерашниот тренинг, а деталните прегледи покажаа скршеница, што ќе значи пауза од најмалку два месеци од терените.

Норвешкиот селектор веднаш ангажираше замена, па на местото на Тонесен во репрезентацијата е вклучен бекот на Кил, Харалд Рајнкинд.

Норвешка е дел од групата Ц на овој светски шампионат заедно со ко-домаќинот Данска и со селекциите на Австрија, Тунис, Чиле и Саудиска Арабија.

Се вчитува...