Норвешка преку Русија до полуфинале на СП 2021

Ракометната репрезентација на Норвешка е третиот полуфиналист на женското светско првенство кое се игра во Шпанија. Норвежанките во третиот четвртфинален дуел ја совладаа Русија со 34-28.

Скандинавките одлично го почнаа мечот и на полувреме имаа предност од четири гола разлика 19-15. Русинките подобро го отворија вториот дел и во еден момент успеаја да дојдат на само минус два (21-19).

Сепак, тоа беше се што направија избраничките на Бодниева, па Норвежанките со одлична игра во последните дваесет минути стигнаа до сигурен триумф од 34-28.

Во полуфиналето Норвешка за противник ќе го има домаќинот Шпанија, додека во второто полуфинале Данска го чека подобриот од мечот меѓу Шведска и Франција кој се игра вечерва.

 

Се вчитува...