Норвешка супериорна против светските шампионки

Норвешките ракометарки ја продолжија серијата одлични игри на ЕП 2020 откако во првиот меч од главната фаза лесно и убедливо славеа над Холандија со 32-25. „Лалињата“, кои се актуелни светски шампионки, едвај ја минаа првата групна рунда, но вечерва воопшто не беа достоен ривал за расположените скандинавски ракометарки.

Холанѓанките поведоа со 2-0, а потоа парираа само до 6-7. Норвешка при овој резултат направи серија од пет гола, резултатски се одлепи и не им дозволи на противничките да се вратат во мечот. Лунде собра 11 одбрани за Норвешка, додека Нора Мерк повторно беше најефикасна во нападот со осум погодоци.

Франција триумфираше над Шпанија со резултат . Иако конечниот исход е минимален, мора да се истакне дека Французинките цел натпревар го контролираа резултатот, а „црвената фурија“ два гола во последните две минути се приближи на „минус еден“. Лакрабер беше најефикасна во редовите на Франција со пет гола, а на голот одлично издание имаше уште една поранешна „вардарка“, Амандин Лејно.

Се вчитува...