Норвежанецот Братен ја донесе првата победа за Бразил во историјата во алпско скијање

Родениот Норвежанец, Лукас Братен кој скија за репрезентацијата на Бразил и ја донесе првата победа на оваа држава во историјата во Светскиот куп во алпско скијање откако денеска победи на слаломот во фински Леви.

Братен до победата во финскиот ски-центар стигна со вкупно време од 1:50.72 минута што беше за 31 стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Французин, Клеман Ноел.

Подиумот го надополни домашната сензација, Едуард Халберг кој доцнеше 57 стотинки зад времето на победникот.

Се вчитува...