Норвежанецот Линдвик најдобар на големата скокалница на ЗОИ во Пекинг

Норвежанецот Мариус Линдвик го освои златниот медал на големата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Норвежанецот иако беше втор по првиот скок, успеа да скокне 140 метри во вториот што му го донесоа првото олимписко злато во кариерата. Второто место и сребрениот медал го освои, златниот од малата скокалница, Јапонецот Риоју Кобајаши. Иако беше најдобар по првиот скок, сепак потфрли во вториот и на крајот мораше да се задоволи само со сребрениот медал.

Бронзата му припадна на водечкиот во светскиот куп Германецот Карл Гајгер кој доцнеше нешто помалку од петнаесет поени од победникот. Во натпреварувањата во ски-скокови останува уште тимскиот дел на големата скокалница кој на програмата е во понеделник.

Се вчитува...