Норвежанецот Омот-Килде најдобар на спустот во Венген

Норвежанецот Александер Омот-Килде е победник на спуст трката во светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во швајцарскиот ски-центар Венген.

Омот-Килде до победата стигна со време од 1:42.42 минута, што беше за 19 стоти делови од секундата подобро од водечкиот во генералниот пласман, Швајцарецот, Марко Одермат.

Подиумот го надополни вториот домашен претставник, Беат Фојц кој доцнеше триесет 30 стотинки зад времето на победникот.

Во генералниот пласман Одермат има голема предност пред Омот-Килде.

Се вчитува...