Норвежаните го декласираа Бразил

Ракометарите на Норвешка ја остварија третата победа на мундијалот во Франција, откако денеска убедливо го совладаа Бразил со 39-26. По поразот од селекцијата на Франција во минатото коло, Норвежаните одговорија на најдобар можен начин и стигнаа до убедлив триумф.

Веќе по првиот дел, избраниците на Кристијан Берг обезбедија предност од пет гола (18-13), а со фуриозна игра продолжија и во второто полувреме на крајот стигнувајќи до убедлива победа.

Сагосен со седум постигнати гола беше најефикасен стрелец во селекцијата на Норвешка.

Се вчитува...