Розенборг ја елиминира Шкендија во плејоф колото на Лигата на Европа, победувајќи и во Скопје со 0-2. Норвешкиот тим со убедлив вкупен резултат (5-1) се пласира во групите од второто по ранг европско натпреварување, а фановите на овој тим ’полудеа’ на Твитер.
Го величеа голманот Андре Хансен, кој одбрани два пенали, на Бесарт Ибраими и на Изаир Емини, при резултат 0-0, и буквално го трасираше патот на Розенборг во групната фаза. Поради неговата маестрална партија, фановите на Твитер му ’доделија’ четири „Златни топки“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА