Норвежаните му го ослободија Алесами на Палермо, сега го чекаат Мрме за Несторовски

Од стручниот штаб на репрезентацијата на Норвешка се одлучија да го ослободат дефанзивецот Хаитам Алесами од обврските за пријателскиот натпревар со Македонија, на барање на неговиот клуб Палермо.

Сосема слично како приказната со Илија Несторовски, претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини бараше и од Норвежаните да не го повикуваат Алесами бидејќи им е потребен за натпреварот во Серија Б на 12. ноември. Од норвешката федерација се согласија, и според вчерашните информација, на Алесами нема да се смета за пресметката со Македонија на 11. ноември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Сега, Палермо е насочен и кон македонскиот селектор Игор Ангеловски од кого очекува да го ослободи и Илија Несторовски. Зампарини упати и директно писмо до Ангеловски со молба за ослободување на офанзивецот. Викендов ќе биде познато дали македонскиот селектот и дефинитивно ќе се согласи дуелот против Норвешка да го игра без најдобриот македонски напаѓач.

Се вчитува...