Норвежаните обвинуваат за местенка: Судиите признаа дека голот на Муса е нерегуларен (ВИДЕО)

Не стивнуваат реакциите по вчерашното полуфинале на Европското првенство 2020 во кое Хрватска дури по четири продолженија славеше против Норвешка со погодок на Жељко Муса во последните секунди.

Норвежаните обвинуваат дека Хрватска имала голема судиска поддршка на патот до финале и тоа поради „балканското лоби“ во ЕХФ. Од таборот на Норвешка тврдат дека голот на Муса е нерегуларен за што добиле потврда, откако биле прегледани и видео-снимките, и од шпанските судии по мечот.

„Погледнете што се случуваше на мечот. Во голема мера се судеше против нас, како сето тоа да беше со дозвола од некого. При голот за победа, Муса еден метар најпрво беше во шестерецот пред да ја прифати топката. Судиите го видоа тоа, па немам логично објаснување зошто го признаа. Не знам. А, ми изгледа дека тие знаат“ – вели Кент-Хари Андерсон.

 

Интересно, со констатацијата за нерегуларност на голот се согласија и хрватските медиуми, кои слават што сепак рокот за жалба до ЕХФ е истечен.

Се вчитува...