Норвежаните очајни: Загубивме од голманот што цело првенство не фати топка…

Норвешките ракометари не можат да се помират со фактот дека по седумте победи во низа го загубија синоќешното полуфинале во Стокхолм, останувајќи без место во големото финале и борба за златото. Капитенот Кристијан Бјорнсен делуваше очајно, не можејќи да го преболи неуспехот.

„Игравме добро, но не успеавме. Имаа голман што имаше свој ден, тоа беше неверојатно. Како некој виц, нивниот голман цело првенство немаше фатено топка, а баш против нас ја одигра средбата на својот живот“, изјави Бјорнсен.

Тој мислеше на Матеј Ашанин, „анонимус“ кога станува збор за големите ракометни натпреварувања. Червар сепак го зеде во составот како резерва за Шего, а Ашанин се заблагодари на најдобар можен начин, со одбранети пенали на Сагосен и на Јондал во последните пет минути.

Се вчитува...