Норвежаните против Хрватска во полуфиналето, Словенија ќе го предизвика европскиот првак Шпанија

Ракометната репрезентација на Норвешка ја совлада Словенија со 33-30 и како првопласирана во групата ќе вкрсти против Хрватска во полуфиналето на Европското првенство. Поразената Словенија оди на мегдан на актуелниот европски првак Шпанија. „Црвената фурија“ беше првопласирана во втората група од главната фаза на шампионатот.

Н0рвежаните играа без првата ѕвезда Сандер Сагосен кој доби одмор, но и така беа подобри од Словенија. На полувреме имаа минимално водство (14-13), а во вториот дел не дозволија Словенците да се заканат. Кевин Гуликсен со седум гола беше најефикасен во селекцијата на Норвешка, а Цехте и Кодрин постигнаа пет кај Словенците.

Белорусија и Австрија ремизираа, 36-36.

Се вчитува...