Норвежаните во трилер трка до злато во микс-штафетата во бијатлон

Норвешката микс-штафета на 4х6 километри во состав Ројзеланд, Екоф, Тареи и Јоганес Тигнес Бо стигна до златниот медал на првиот бијатлон настан на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Јоханес Тигнес Бо со неверојатна последна замена успеа да донесе злато за Норвежаните успевајќи да ја поправи катастрофалната втора замена на својата репрезентација во која Тирил Екоф заврши со дури три дополнителни круга.

Сребрениот медал и припадна на репрезентацијата на Франција (Шевалие-Буше, Симон, Жакелан, Фијо Маје), додека бронзени завршија Русите во состав (Нигматулина, Резцова, Лигонов и Латипов).

Се вчитува...