Норвешките медиуми го пренесуваат денеска задоволството од триумфот на Розенборг против Вардар во 2. коло од Лигата на Европа, но и тоа како посебен простор оставаат за восхит на најверните вардарови навивачи кои допатуваа во Трондхајм.
Иако релативно малку на број, дел од „Комитите“ се одлучија на пат со автобус од вкупно 6.500 километри во двата правци, или ако сакате вкупно 4 дена во автобус по патиштата на Европа.
„Невиден пример за верност… Малку има навивачи денеска кои ќе се одлучат да патуваат со автобус дури 3.250 километри во еден правец. Нешто неверојатно. Вкупно четири дена во автобус за само два часа да го гледате својот омилен клуб. И во тие два часа полни елан и покрај тоа што вашиот клуб губи… ‘Комити’ за почит“ – пренесува норвешкиот „Дагбладет“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА