Норвежанката Ројзеланд до злато во спринтот во бијатлон

Норвежанката Марте Олсбу Ројзеланд на убдлив начин стигна до златниот медал на спринт трката во Бијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа вкупнот третиот медал, а второ злато на игрите стигна на феноменален начин со доминација на 7.5 километарската спринт трка на Жангџиаку бијатлон центарот.

Немаше ниту едно промашување на стрелиштето и на крајот до најсјајното одличје стигна со време од 20:44.3 минути. Сребрениот медал и припадна на Швеѓанката Елвира Оберг која исто така максимална на стрелиштето, но не можеше да и се спротистави на поискусната Норвежанка и на крајот стигна на целта со заостанување од 30.9 секунди.

Со бронзениот медал се закити Италијанката Доротеа Вирер која на крајот доцнеше 37.9 секунди зад времето на победничката. Овие резултати ќе се префрлат и на трката во потера која на програмата е во недела, а Ројзеланд е голема фаворитка за освојување на златниот медал и во оваа дисциплина.

Се вчитува...