Норвежанките ја „здробија“ Унгарија, Германија и одржа лекција на Шпанија

Ракометарките на Норвешка запиша неочекувано висока победа против Унгарија од 38-25 на отворањето на втората рунда натпревари во Групата 2 од Европското првенство.

Норвежанките на тој начин стигнаа и до првата за себе победа во главната рунда, откако претходно од првата рунда натпревари пренесоа само два порази.

Во истата група, претходно Германија славеше против Шпанија со 29-23, со што остана во игра за пласман во полуфиналето на континенталниот собир.

Германките својата задача ја завршија уште во првото полувреме кога одржувајќи им вистинска лекција на противничките стигнаа до предност од 9-17 пред паузата. Во вториот дел Шпанките имаа задоцнет финиш, успевајќи само малку да го ублажат поразот.

Најдобри стрелци кај Германија беа Гешке, Болк и Шмелцер со по четири погодоци, додека кај Шпанија се истакна Мартин со седум голови.

Германија сега е на третата позиција на табелата со две победи и пораз, а Шпанките се на последната шестта позиција со три порази. На врвот се Романија и Холандија со по две победи и натпревар помалку. Норвешка и Унгарија имаат по една победа и два порази.

Се вчитува...