Новиот англиски премиерлигаш Нотингем Форест работи напорно на доведување на засилувања со кои „шумарите“ што подолго би останале во елитното англиско фудбалско друштво.
Денеска и официјално беше постигнат договор со Манчестер Јунајтед за преселбата во Нотингем на англискиот репрезентативен голман Дин Хендерсон. Тој не беше задоволен откако остана во сенката на Давид де Хеа иако му беше ветено дека ќе добие шанса на „Олд Трафорд“, а „шумарите“ му ветија загарантиран првотимски статус. Договорот е за позајмица на една година, без клаузула со конкретна сума за која Нотингем следното лето би можел целосно да го откупи Хендерсон од Манчестер Јунајтед.
„Шумарите“ го решија и прашањето на нов голгетер, откако го комплетираа трансферот на Таиво Авонији од Унион Берлин. Германскиот клуб не сакаше да го продаде својот најдобар стрелец, но Нотингем ја активираше клаузулата за откуп, во висина од 17 милиони фунти. Интересно е што 10% од овој трансфер ќе заработи и Ливерпул, кој пред една година го продаде Авонији во Унион Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА