Нов Американец ќе дебитира за Косово во Гевгелија

Косовскиот селектор Дамир Мулаомеровиќ го објави списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета за следните две квалификациски средби, на гостувањата во Романија и во Македонија. Тој се реши за нова промена на плејмејкерската позиција, на која на следните две средби ќе дебитира Малколм Армстед, кој ќе го заземе местото на Бамфорт, Американецот кој настапи на првиот меч во Приштина. Армстед настапува во турското првенство во дресот на Бујукчекмече, а претходно во кариерата има настапувано и за Крка, АЕК, Истанбул, Нептунас…

Сосема очекувано, најбројни се кошаркарите од шампионот З Мобиле Приштина, а главен адут на косовскиот состав ќе биде капитенот Дардан Бериша.

Косовската репрезентација подготовките за овој двомеч ќе ги мине во Дебрецин, Унгарија, каде ќе одработи по два тренинзи дневно до 28 ноември, по што ќе се упати кон Орадеа, каде ќе се го одигра првиот од двата меча против Романија.

СОСТАВ НА КОСОВО:

Дардан Бериша (З Мобиле Приштина), Фисник Ругова (З Мобиле Приштина), Лис Шоши (Макаби Ашдод), Гезим Морина (Менч Сенчур, Словенија), Меритон Исмаили (З Мобиле Приштина), Ергин Гроша (Унион), Леонард Мекај (Голден игл), Валон Буњаку (З Мобиле Приштина), Анди Шеху (Ајдовчина, Словенија), Рон Укај (Раховеци), Малколм Армстед (Бујукчекмече), Алтин Морина (З Мобиле Приштина), Микаиле Тмушиќ (З Мобиле Приштина), Мухамедали Јањева (Фероникели).

Се вчитува...