Нов Американец на бековските позиции во Пелистер (ВИДЕО)

Вицешампионот Пелистер ги засили своите редови со нов Американец. Станува збор за Ламар Норман Џуниор кој во македонското првенство ќе го има првиот интернационален предизвик.

185 сантиметри високиот Норман Џуниор ја покрива бековската позиција и во Битола доаѓа од Универзитетот Вестерн Мичиген каде на 30 одиграни натпревари претходната сезона бележел просек од 17.3 поени, 3.1 асистенција и 2.8 скокови по натпревар.

Се вчитува...