Кошаркарскиот клуб ТФТ остана без услугите на Брендан Бејли кој поради лични причини го раскина договорот во македонскиот тим, но составот од Тафталиџе кој следната сезона ќе се натпреварува на два меѓународни фронта веќе ја најде неговата замена во Тавон Бродвеј Џуниор.
Станува збор за 23-годишен крилен играч висок 196 сантиметри за кого оваа сезона ќе биде прва во професионалната кариера. Бродвеј во „Тафта“ пристигнува од редовите на Универзитетот Централ Мичиген каде во НЦАА лигата постигнувал просек од 17.9 поени и 5.4 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА