Нов Американец од НБА во ЦСКА Москва

ЦСКА Москва продолжи да го засилува својот играчки кадар за следната сезона потпишувајќи тригодишен договор со Џоел Боломбој. Станува збор за играч на позицијата крилен центар висок 206 сантиметри, кому главен квалитет му се скоковите во борбата под кошевите, нешто што реално му недостигаше на рускиот гигант во минатата сезона.

Боломбој доаѓа во ЦСКА Москва од редовите на Милвоки, каде одигра само шест натпревари минатата сезона, а претходно има настапувано и за Јута џез.

Пресреќен сум што добивам шанса да заиграм за ЦСКА Москва. Мојата мајка е Русинка и отсекогаш велев дека сакам еден ден да бидам дел од овој клуб, сега таа желба ми се исполнува. Ова е почеток на едно ново поглавје во мојата кариера, едвај чекам да го облечам дресот на ЦСКА“ – изјави 24-годишниот Боломбој.

Се вчитува...