Нов Американец во редовите на Пелистер (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Пелситер своите редови ги засили со Американецот Дејвид Хатон. 198 сантиметри високиот играч ги покрива крилните позиции и се очекува да биде од голема помош на „зелено-белите“ во походот кон титула на домашната сцена, но и настапот во АБА2 лигата.

Триесетгодишникот во Битола доаѓа од редовите на Виена каде на 27 одиграни натпревари претходната сезона бележеше просек од 9.0 поени и 8.1 скокови. Покрај австриското првенство, Американецот бележи настапи и во Бугарија, Естонија, Финска и Грција.

Се вчитува...