Нов автогол на Зајков, Лудогорец убедлив против Славија за 11. титула

Не му тргна добро на македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков во дресот на Славија Софија. После автоголот во Купот пред неколку дена против ЦСКА, Зајков си постигна и втор автогол, и тоа денеска во првенството во плеј-офот против шампионот Лудогорец, кој ја одбрани титулата со оваа победа.

Зајков во 14. минута му донесе водство на тимот на Лудогорец, а потоа само две минути подоцна противникот зголеми на 2-0. На крајот имаше водство Лудогорец и 4-0, додека Славија во финишот само успеа да намали.

Зајков играше до 60. минута и при 4-0 го напуши теренот. Стартер во Славија беше и ветеранот Дарко Тасевски, кој играше едно полувреме, кога беше заменет.

Се вчитува...