Нов бисер на повидок: 16-годишниот Зетов ја донесе Струмица на чекор до Прва лига (ВИДЕО)

Струмица е на чекор до враќање во „елитата“ на македонската кошарка откако вчера славеше во четвртфиналната „мајсторка“ против Соколи 1933 и се пласираше во полуфиналето на Втората кошаркарска лига.

Штипјани кои важеа за фаворити во серијата славеа во првиот натпревар, но не успеаја да го осигураат местото во полуфиналето на гостувањето во „Парк“, за потоа „сино-белите“ на крилјата на 16-годишниот Димитар Зетов да слават во Штип.

Младиот бисер во „мајсторката“ реализираше 22 поени, а со мирната рака од линијата за слободни фрлања на пет секунди до крајот ги постави конечните 80-83.

Во полуфиналето Струмица ќе игра со Шкупи кој беше подобар од Борец Баскет.

Се вчитува...