Нов блесок на Димитриевски против Барселона: Со СТО РАЦЕ на „Ноу Камп“!

Македонскиот репрезентативен чувар Столе Димитриевски, по вторпат сезонава ја сопре големата Барселона, и беше најзаслужен за победата на Рајо среде „Ноу Камп“. Неговиот тим приреди уште една сензација, благодарение на одбраните на Димитриевски, кој во Барселона беше со сто раце, или подобро кажано како „октопод“.

Димитриевски успеа да ги сопре сите пет удари кон неговиот гол на „ѕвездите“ на Барселона, а кога во 90.тата минута не беше на голот при обид да интервенира, работата ја завршија неговите соиграчи кои успеаја да расчистат од гол линијата.

Македонецот имаше пет одбрани против Барселона, а неговиот тим со еден единствен удар кон Тер Штеген, стигна до триумфот благодарение на гол во 7. минута.

Потоа притисокот беше огромен од страна на Барса, особено во финишот од средбата, меѓутоа на сцена стапи „октоподот“ кој успеа на крајот да го одбрани Рајо и да донесе големи три бода.

Рајо успева вторпат да го победи тимот на Барселона сезонава. Во првиот меч, за потсетување, Столе одбрани пенал на Депај, и тогаш беше прогласен за играч на натпреварот, како и сега од одредени шпански медиуми.

Се вчитува...