Нов датум за рестарт на НБА сезоната

НБА лигата одлучи за еден ден да го промени рестартот на сезоната и наместо таа да продолжи според првичниот договор, тоа ќе се случи ден порано, пренесуваат американските медиуми. Локацијата останува „Дизниворлд“ на Флорида. Тренинг камповите ќе бидат отворени на 9. јули. Драфтот годинава ќе биде на 15. октомври, а доколку има седми натпревар во финалната серија тој треба најдоцна да биде одигран до 12. октомври. Сезоната 2020/2021 според најновата одлука ќе почне на 1. декември.

 

 

View this post on Instagram

 

Just in

A post shared by Adrian Wojnarowski (@wojespn) on

Се вчитува...