Нов ден, нов гол на Тричковски на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжува да стрела за АЕК Ларнака во кипарското првенство.

Имено, голгетерот на гостувањето против Аполон во 4. минута од мечот одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник, а голманот на домаќините немаше одбрана за ударот на Македонецот. До крајот на првото полувреме АЕК ја зголеми предноста за водство од 0-2 во дерби мечот.

Голот на Тричковски можете да го погледнете ТУКА.

Се вчитува...