Нов ден – нов врв: Магденоска и Аполеска од Охридска банка го освоија врвот Солунска глава

Промовирајќи ги и поддржувајќи ги постојано и спортско-рекреативните активности на своите вработени, од Охридска банка потенцираат дека се горди на своите две колешки Ивана Магденоска и Јована Аполеска кои изминатиов викенд го освоија врвот Солунска глава, на планината Јакупица.

Како дел од планинарската експедиција, а во рамките на турата во чест на ослободувањето на град Велес, Магденоска и Аполеска стигнаа до врвот кој се наоѓа на 2.540 метри надморска висина. Вкупната должина на патеката изнесуваше 17 километри.

Ивана и Јована препорачуваат да се посети овој планински врв, зашто како што велат, неповторливата глетка засекогаш ќе остане во вашите сеќавања.

Се вчитува...