Нов ден, нова повреда во Ливерпул

Јирген Клоп не може да крене глава од проблеми поради повредите на своите фудбалери за време на репрезентативните настапи, откако на листата на повредени играчи од денеска се приклучи и Наби Кеита. Репрезентативецот на Гвинеја настрада при еден дуел на мечот со Руанда, а најдобар доказ за сериозноста на проблемот е што Кеита го напушти теренот качен на грбот на еден од репрезентативните колеги.

Речиси сигурно е дека засилувањето од Лајпциг ќе го пропушти саботниот дуел со Хадерсфилд, како и наредниот меч од ЛШ против Црвена звезда, а по неговото враќање во Ливерпул ќе биде познато колку ќе изнесува неговата пауза од терените.

Во меѓувреме, добра вест за Клоп е што повредите на Мохамед Салах и на Садио Мане не се премногу сериозни, па двајцата офанзивци би можеле да бидат „фит“ веќе за дуелот со Хадерсфилд.

Се вчитува...