Нов договор: Бонучи верен на „старата дама“

Леонардо Бонучи е подготвен да се обврзе на уште подолга верност кон Јувентус и да потпише нов договор со актуелниот првак на Италија.

Искусниот дефанзивец си замина во Милан во 2017 година, веќе следното лето се врати назад во таборот на „старата дама“ потпишувајќи договор до Јувентус до 2023 година. Иако имаше сосема доволно време до истекот на договорот, Јувентус и Бонучи се договорија дополнително продолжување на соработката, па со денешниот договор италијанскиот репрезентативец ќе остане дел од најтрофејниот клуб до јуни 2024 година.

„Преговорите траеја многу кратко бидејќи и двете страни сакаа што поскоро да се договорат. Бонучи доби зголемување на актуелната плата, но точната висина не се обелоденува“ – јавуваат италијанските медиуми.

Се вчитува...