Нов договор: Димитриевски на голот на Рајо до 2023 година

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е подготвен да потпише нов договор со Рајо Валјекано и да остане во овој клуб до 2023 година. Мадридскиот весник „Марка“ обелодени дека и покрај понудите од неколку шпански прволигаши, Димитриевски покажал максимална лојалност кон Рајо Валјекано и решил да остане и да помогне овој тим да се врати во елитното шпанско фудбалско друштво.

Интерес за македонскиот чувар на мрежата летово покажаа Севилја, Валенсија и Бетис, се шпекулираше и со понуди од Мајорка и од Еспањол, но раководството на Рајо Валјекано успеа да го убеди Димитриевски и во наредниот период да настапува за овој мадридски клуб.

Според „Марка“, договорот официјално ќе биде потпишан во следните денови, со што дефинитивно ќе биде ставен крај на шпекулациите околу иднината на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...