Нов договор за Араухо, Барса ќе го заштити со клаузула од вртоглави милијарда евра!

По долги и тешки преговори, еден од најталентираните фудбалери во сегашниот состав на Барселона, Роналд Араухо, прифати да потпише нов договор со Каталонците, информираат медиумите од Шпанија.

Уругваецот долго ги одбиваше понудите на екипата за која настапува, барајќи го тоа што смета дека го заслужува со игрите на теренот. Тој ќе добие повеќекратно зголемување на годишната плата која сега му изнесува 900.000 евра, но за возврат управата на Барса ќе се заштити се неверојатна откупна клаузула во износ од вртоглави милијарда евра.

За 23-годишниот Араухо изминатиот период беа заинтересирани неколку големи европски клубови, кои му нудеа годишна плата помеѓу шест и осум милиони евра, но тој, сепак, реши да остане на „Камп Ноу“.

Се вчитува...