Нов договор за Бускетс и откупна клаузула од 500 милиони евра!

Фудбалерот на Барселона, Серхи Бускетс, доби нов договор од каталонскиот клуб во кој има и нова откупна клаузула според која другите тимови за него ќе мора да платат од 200 до 500 милиони евра.

Според шпанските медиуми, преговорите за новиот договор на Бускетс со Барса почнале уште минатата година, но сега се финализирани сите детали. Важноста на договорот останува иста, Бускетс ќе биде фудбалер на Барселона до 2021 година, со тоа што клубот има право да го продолжи договорот на уште две години.

Иако не се објавени финансиските детали од договорот, се наведува дека Бускетс ќе биде еден од играчите со највисоки плати во клубот.

Шпанскиот фудбалер целата своја кариера ја мина на „Камп Ноу“ и за Барселона досега има одиграно 485 натпревари.

Се вчитува...