Нов договор за „Ел команданте“ – Раул на чело на ПСЖ до 2023 година

Раул Гонзалес ќе ја продолжи својата авантура шеф на стручниот штаб на ПСЖ откако денеска потпиша нов двогодишен договор со актуелниот француски првак. Шпанскиот стратег дојде на клупата на ПСЖ од Вардар со цел да ја освои европската титула со „светците“, но иако досега не успеа во тоа сепак беше награден за добрата работа од страна на управата на францускиот клуб.

„Ел Команданте“ со ПСЖ стигна до две титули во француското првенство и една во лига-купот на оваа земја, а покрај него нов договор потпиша и првиот асистент во стручниот штаб, Хесус Гонзалез.

„За мене е голема честшто ја продолжувам авантурата во ПСЖ. Во овие три години станав крајно приврзан за сето она што го претставува овој клуб, затоа и самиот сакав да останам уште пред да ми биде понуден новиот догвоор. Убеден сум дека ги имаме неопходните оружја за да оствариме големи работи“, изјави Раул Гонзалес, стратегот под чие водство Вардар ја освои првата од двете европски круни, во финалето совладувајќи го токму ПСЖ.

Се вчитува...