Нов допинг-скандал: Суспендиран олимпискиот првак во маратон

Светот на атлетиката е погоден од нов скандал откако денеска беше обелоденета суспензијата на актуелниот олимписки и светски првак на маратонско трчање, Матеј Тот.

Словачкиот атлетичар, кој беше најдобар на последните ОИ во Рио де Жанеиро, е суспендиран поради нерегуларности во неговиот биолошки пасош, кој ги складира информациите околу крвната слика на спортисти и бара знаци за користење на допинг.

Тот останува суспендиран се од завршницата на случајот против него. Како и во секој друг случај, нема да даваме дополнителни детали се до конечната одлука“ – објавија од Светската Атлетска Федерација, ИААФ.

Словачкиот репрезентативец веќе го откажа настапот на СП во Лондон, а доколку биде прогласен за виновен му се заканува суспензија од четири години.

Се вчитува...