Нов државен рекорд на Јован Стојоски на 400 метри

Еден од најдобрите македонски атлетичари Јован Стојоски на одличен начин ја почна новата сезана, со нов државен рекорд на 400 метри.

На атлетскиот митинг во Софија во „Асикс арената“, Стојоски истрча со време од 48.14 секунди што е нов македонски рекорд во оваа дисциплина. Претходно Стојоски истра и со време на свој личен рекорд на 60 метри – 7.00 секунди.

Јован Стојоски е еден од најсериозните македонски кандидати за настап на Летните олимписки игри во Токио оваа година.

Се вчитува...