Нов државен рекорд на Милјана Ристиќ на 3000 метри – стиплчез

Една од најдобрите македонски атлетичарки, Миљана Ристиќ Стојчевска од АК Делта постави нов македонски рекорд на 3000 метри – стиплчез, на трката на Државното поединечно првенство во атлетика кое се одржа во Скопје.

Ристиќ-Стојчевска имаше одлична трка завршувајќи со време од 11:49.90 минути, соборувајќи го досегашниот државен рекорд.

На тој начин, таа обезбеди и учество на Европското тимско првенство кое ќе се одржи од 24 до 29 јуни во Марибор, Словенија.

Се вчитува...