Нов ефектен гол на Елмас за победнички крај на сезоната во Турција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна и својот четврти погодок сезонава во најсилната лига на Турција, во 34. коло од шампионатот стрелајќи на дуелот против Анталијаспор.

Елмас во 69. минута постигна ефектен гол за водство на својот тим од 2-1…

 

Ова може да е и последниот гол за Елиф Елмас во дресот на Фенербахче, ако се знае за огромниот интерес од бројни европски клубови за македонскиот дијамант!?

Фенербахче со триумфот од 3-1 против Анталијаспор во последното коло, шампионатот го заврши на шестата позиција.

Се вчитува...