Нов фудбалски „земјотрес“: Халанд во ПСЖ на местото на Килијан Мбапе?!

Трансфер-бомбите на фудбалскиот пазар експлодираат како никогаш досега, а ПСЖ е подготвен да предизвика нов фудбалски „земјотрес“ носејќи извонреден голгетер како замена за Килијан Мбапе.

Француските медиуми информираат дека во моментот кога решиле да го продадат Мбапе, челниците на францускиот гигант почнале преговори со Борусија Дортмунд за Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше поврзуван со бројни гиганти во текот на летото, но ниту еден не сакаше да плати 150 милиони евра, сума што Борусија ја одреди како „реална“ иако следното лето тој е достапен за отштета од 75 милиони евра.

Овојпат ситуацијата е поинаква, ПСЖ ќе има и повеќе од доволно пари откако ќе го продаде Мбапе во Реал за 180 милиони евра, а факторот Меси може да биде многу значаен во обидите да се убеди Халанд на преселба во Париз.

Меси, Нејмар и Халанд, тоа напаѓачко трио дефинитивно би било кошмар за противниците ширум Франција, но и во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...