Нов гол – Алиоски го води Лидс кон Премиер-лигата

Езгијан Алиоски продолжи со извонредните партии во дресот на Лидс откако втор меч по ред успеа да се запише во листата на стрелци, овојпат на дуелот на „Иланд Роуд“ против Хал.

Домаќините се мачеа да го скршат отпорот, а Алиоски не беше во стартниот тим. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 69 минута на местото на Харисон, а тринаесет минути подоцна ја затресе мрежата на Хал за водство од 2-0 и печат на победата.

Лидс со оваа победа се врати на првото место на табелата во Чемпионшип, со еден бод предност, но и натпревар повеќе во однос на ВБА.

Се вчитува...