Нов гол: Фудбалот е лесна игра кога го гледате Пандев (видео)

Горан Пандев игра препородено по доаѓањето на Мота на клупата на Џенова, па македонскиот ас на денешниот дуел со Удинезе го постигна вториот гол во последните осум дена во „Серија А“.

Ветеранот уште еднаш покажа дека е велемајстор на фудбалската игра, маестрално одигра двојно додавање со Куаме, a штом му се отвори само малку простор – прецизно ја смести топката во мрежата на Удинезе.

Во стартниот тим на Удинезе на овој натпревар се наоѓа и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Се вчитува...