Нов гол на Ѓорѓев, Шафхаузен чекори кон „елита“

Макеоднскиот интернационалец Никола Ѓорѓев, беше стрелец на гол за Шафхаузен во победата од 2-5 над Тун на гостински терен. Со тоа Шафхаузен повторно го презеде првото место на табелата во швајцарската втора лига, со исто бодови како и Арау – 62. До крајот на сезоната има уште две кола.

Повремениот репрезентативец стрелаше во 31. минута, и тогаш донесе пресврт за својот тим, кој до крајот стигна до 1-5, со што Тун намали на 2-5. Македонецот ја напушти играта во 82. минута.

Ѓорѓев со овој гол стигна до бројката четири гола во швајцарската втора лига.

Следното коло Шафхаузен ќе го пречека Арау, во директна пресметка за пласман во „елитата“, а во последното коло гостува на Лозана.

Се вчитува...