Нов гол на Тричковски, изби на чело на листата на најдобрите стрелци во Кипар

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски запиша уште еден погодок во новата сезона од шампионатот во Кипар, овој пат во триумфот од 0-2 на АЕК Ларнака на гостувањето против Ермис.

Тричковски стрелаше за конечен триумф од 0-2 во 85. минута од средбата.

Ова е петти гол за македонскиот напаѓач сезонава, со кој изби на чело на листата на најдобрите стрелци во Кипар, заедно со Берат Садик од Докса, кој исто така има пет постигнати голови.

Се вчитува...