Нов гол за Аврамовски – Сараево на Васоски со „шестка“ за Рудар (ВИДЕО)

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски и на втор натпревар по ред се запишува во листата на стрелци за тимот на Сараево. Откако стрелаше на мечот од купот во средата, тој денеска беше стрелец и на гол во убедливата победа против Рудар со 6-0.

Македонскиот стрелец го постигна петтиот погодок за тимот во кој е тренер Александар Васоски, а останатите четири беа дело на Суљиќ, Ѓокановиќ, Рамиќ и на два пати Варенешовиќ.

 

 

Се вчитува...