Нов гол за Давид Бабунски: И повторно мајсторија… (ВИДЕО)

Давид Бабунски го запиша и својот втор погодок сезонава во дресот на јапонскиот второлигаш Омија. И повторно мајсторија…

Бабунски влезе во игра во 86. минута на гостувањето против Кагошима во 8. коло и во 91. минута постигна убав погодок за конечна победа од 0-2.

Омија по осум кола е со 14 бода на седмата позиција на табелата, со три бода помалку од водечката Јамагата.

Се вчитува...