Нов гол за Милан Ристовски во Словачка

Милан Ристовски игра во одлична форма во дресот на Нитра во Словачка. Тој го постигна шестиот гол во десеттиот натпревар, овојпат во Купот на Словачка. Нитра славеше со 0-2 на гостувањето против Комарно, а Милан Ристовски беше стрелец на вториот гол во 86.минута од мечот.

Се вчитува...