Нов голем проблем за Олимпијакос

Олимпијакос скапо ја плати победата во Белград над Макаби, поради повредата што на овој натпревар ја заработи американскиот плејмејкер Најџел Вилијамс Гос.

Американецот одигра одлично во првото полувреме, во вториот дел воопшто не влегуваше во игра, а отежнатото движење на тајмаутите беше јасен знак дека тој има проблем со повреда. По враќањето во Атина врз Вилијамс Гос беа извршени детални прегледи, по што му е препорачана пауза од најмалку еден месец од кошаркарските терени.

Олимпијакос утре ја пречекува Црвена Звезда, а тренерот Барцокас покрај на Вилијамс Гос нема да може да смета ниту на услугите на Милутинов и на Мекисик.

Се вчитува...